НАШАТА КОМПАНИЈА
Фирмата ПОП МАК Дооел, Кавадарци работи и успешно опстојува на пазарот од 01.04.1995 година.
Основна дејност со која се занимава фирмата е производство на режана граѓа и тоа: штици, греди, талпи, штафни и летви во најразлични димензии зависно од потребите на купувачите. Произведуваме букови талпи (парени, сушени) и столарски талпи за мебел.
СЕКОЕ ДРВО СИ ИМА
СВОЈА ПРИКАЗНА
Додадете дрвени елементи во вашиот дом, двор, градина и тераса, за да добиете нов модерен и природен изглед. Целта ни е на нашите клиенти секогаш да им обезбедиме највисок квалитет по супер прифатливи цени. Се наоѓаме во Индустриската зона во Кавадарци на патот за Росоман.

ДРВЕН ОТПАД
Ако за греење се користат остатоците од дрво тогаш речиси двојно се заштедува во споредба со користење на нафтата како гориво. Големи количини отпадно дрво се добиваат по сечата на дрвата во шумата и при обработката во пиланите, но тие остатоци ретко се користат за добивање топлина или за секундарни производи иако имаат голем потенцијал.